Тренерот на Европските Шампиони Давид Писонеро во пресрет на неделниот натпревар од второто коло во Лигата на шампионите во која Вардарци на домашен терен ќе го пречекаат тимот на Порто истакна дека досега немале шанси да играат против тимови кои практикуваат „7 на 6“ тактика но истакна дека ќе сторат се да покажат во најдобро издание.

„После победата над Монпелје, каде освоиме два значајни поени сега мораме одново да победиме инаку тие бодови нема да значат ништо. Порто е една од најдобрите екипи во светот која игра „7 на 6", па ќе видиме како ќе се адаптираме на таа игра. Ова ни е прва средба на домашен терен и ќе се обидеме да се претставивме во најдобро можно издание. Ние многу често немаме можност да играме против екипа како Порто. За разлика од нив ние сме навикнати на таква игра но повремено", изјави Давид Писонеро, тренерот на Вардар.


Администратор
20/09/2019 18:43