По цели седум часа и некаде околу три часот по полноќ заврши лидерската средба во Собранието на Република Македонија на која учествуваа Премиерот Зоран Заев, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски заедно со нивните преговарачки тимови.
Според неофицијалните информации кои ги добивме, договор не е постигнат а дел од клучните разлики помеѓу власта и опозицијата во однос на Законот за ЈО како и за иднината на СЈО остануваат и понатаму. Покрај ова власта понудила формирање на ново обвинителство на чие чело ќе биде Вилма Рускоска, предлог кој беше даден и како замена на Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.
Претходно, новинарите и снимателите ја напуштија лидерската средба во Собранието револтирани поради тоа што во текот на средбата отсуствувал брифингот, а никој од нив незнаел ни кога истата ќе заврши.
Засега нема информација дали повторно ќе биде свикана нова лидерска средба.