Со проектот „Летаме во вселената“ учениците од скопското основно училиште „Лазо Трповски“ освоија награда на Меѓународниот училиштен натпревар за воздушен и вселенски сообраќај 2019 одржан во Берлин, Германија.

Проектот на учениците влезе меѓу десетте најдобри, а за конечниот пласман наградените добиле фарма за одгледување пеперутки и дипломи.

Ученичкиот проект е координиран од наставниците Дијана Петроска, Розита Костова и Стефан Симовски.

Натпреварот е во организација на Сојузното германско здружение за воздушна и вселенска индустрија од Берлин во соработка со Сојузното министерство за економија и енергија на Германија, Сојузното министерство за образование и истражување на Германија, Луфтханза Техник АД и концернот ЕАДС.

Конечната одлука за наградите на овој екипен меѓународен натпревар за ученици од трето и четврто одделение годинава ја донело седумчлено стручно жири составено од претставници на организаторот Сојузното германско здружение за воздушна и вселенска индустрија од Берлин, универзитетски професори, наставници, германски владини претставници, парламентарци и претставници на концернот Ербас.


Администратор
10/09/2019 21:38