Производителот на автомобили Дајмлер најави дека градското возило Смарт со новиот модел целосно преминува на електричен погон. Ова е првиот тип автомобили што ќе се движи само со погон на батерии.

На Саемот за автомобили Франкфурт, којшто се одржува од 11. до 21 септември, градскиот мини-автомобил ќе се појави со поинаков дизајн и намалена моќност на моторот.

Смарт фор-2 сега го има во облик на купе и кабриолет, а Фор-4 е тој што ќе се движи со целосно електричен мотор, од 60 коњски сили и досег од 159 километри.

Старите мотори на внатрешно согорување ќе завршат в музеј, нагласуваат од компанијата.


Администратор
10/09/2019 21:04