Најмалку едно лице загина, а осум се повредени откако во текот на ноќта изби пожар во болнички комплекс во предградие на Париз.

Пожарот избил во болницата „Хенри Мондор“ синоќа, а ставен е под контрола рано изутрина.

Причината за пожарот се уште не е утврдена.

„Пожар во станбен блок во рамки на комплексот на болницата Хенри Мондор сега е ставен под контрола, благодарејќи на интервенцијата на пожарникарите“, објави на Твитер началникот на париски болници Матин Хирш.


Администратор
22/08/2019 16:16