Ракометниот клуб Бутел денеска соопшти дека потпишале договор на четири сезони со кадетскиот репрезентативец на Нигерија – Фарук Јусуф. Тој настапува на десната бековска позиција и досега го носеше дресот на Сокото Академи.

Јусуф е трети стрелец на Мундијалот во Скопје зад македонските репрезентативци Костески и Серафимов и на шест меча постигна 40 погодоци. Тој ќе се приклучи на подготовките со новиот тим на почетокот на септември.

– Среќен сум што потпишав за тим каков што е Бутел Скопје, кој од година во година се повеќе се развива. Се надевам дека ќе помогнам во следниот период тимот да стигне до некој трофеј и едвај чекам да ја започнам соработката со управата, со тренерот и со моите нови соиграчи, вели Јусуф, цитиран од клубот.


Администратор
15/08/2019 15:36