За време на специјалната конференција за развивачите на Huawei – Huawei Развојна конференција, компанијата официјално го лансираше EMUI10, заедно со новиот оперативен систем HarmonyOS. Д-р Ванг Ченглу, претседател на одделот за софтверско инженерство во Huawei Consumer Business Group, рече дека EMUI10 е пионер во распоредувањето на технолошки апликации кои даваат комплетно корисничко искуство во сите можни сценарија.

Неговиот развој овозможува употреба на специфични апликации како што се аудио и видео повици во сите ситуации, разни деловни услуги помеѓу уредите и уредите за паметни автомобили. Во исто време, можноста да се развие една апликација истовремено и непречено да се спроведе преку уреди, драматично ги намалува трошоците за развој и го забрзува доставувањето на уникатно корисничко искуство во сите сценарија во иднина.

EMUI овозможува поврзување помеѓу уредите, како и помеѓу уредите и апликациите, што дополнително ги подобруваат услугите во најразлични ситуации. Тимот кој стои зад EMUI верува во отворени односи и можности за соработка, надевајќи се дека повеќе партнери и развивачи ќе се приклучат на каузата да создадат иновативно искуство во сите можни сценарија.

Д-р Ванг на крајот на конференцијата објави дека бета верзијата на EMUI10 ќе биде интерно тестирана на 8 септември со серијалот Huawei P30 и други модели, а EMUI10 ќе биде достапен во следната генерација на производи од серија Mate.


Администратор
13/08/2019 13:09