Непобедливи е новата песна на Наталија Славева за која се промовираше видео запис на нејзиниот YouTube канал. Поп баладата е продуцирана комплетно од композиторот Иле Спасев, додека Славева е ко-автор на текстот.

„Непобедливи е моја десетта песна која во мене буди големи емоции кои ги искажав во текстот. Бев понесена од идејата дека не секогаш љубовните приказни имаат тажен крај, како што обично се опеани особено во баладите. Треба да запомниме дека убовта е движечка сила и чувство кое што буди најголема радост помеѓу двајца заљубени, токму оваа песна го опишува тоа“ вели Наталија Славева.

Видео записот е сниман во Gardenia Hotel & Spa, заедно со тимот на Фабрика продукција, додека за фризурата и шминката се погрижи стилистот Владимир Трајковски, а за гардеробата бутикот Луна.

„Спотот го снимавме во еден од најжешките денови во близина на Велес, би сакала да се заблагодарам на целито тим за поддршката . Видето е оживување на приказната, и со самиот крај може да се воочи и дека не е толку страшно да сакаш и да бидеш сакан“ додаде Славева.

Славева по пауза од пет години на музичката сцена, минатата година настапи на Макфест со баладата Штом љубовта исчезне, а направи и препев на познатиот хит на Лејди Гага, Shallow.


Администратор
12/08/2019 13:20