Деновиве заврши реконструкцијата на улица „4“ во Долно Лисиче, која опфати рехабилитација на оштетениот асфалт и поставување нов тампон и нов слој асфалт.

Улицата е во должина од 270 метри и површина од 820 квадратни метри.

Општина Аеродром со забрзана динамика ја уредува патната инфраструктура и го олеснува секојдневното функционирање на жителите.


Администратор
12/08/2019 11:58