Твитер објави дека ги споделувале податоците на своите корисници со огласувачи без нивна согласност.

Твитер соопшти дека се забележани проблеми „во кои изборот на поставките на корисниците можеби не функционирал како што било предвидено“.

Исто така, се наведува дека одредени податоци за корисниците, како што е кодот на државата, можеби биле споделени со партнери за рекламирање од мај 2018 година, дури и ако корисниците не дале дозвола за тоа.

Твитер исто така соопшти дека од септември 2018 година, рекламите може да се прикажуваат „врз основа на заклучоци“ направени за уредите на корисниците без нивна согласност.

Информациите останале во Твитер и не содржеле лозинки или е-пошта, се вели на официјалната веб-страница на компанијата.

Пропустите беа утврдени на 5 август, со истрага на Твитер за тоа кој би можел да биде засегнат.


Администратор
09/08/2019 10:45