Како е можно еден премиер да ја посочи Вилма Русковска како оактуелна шефица на ОЈО да биде раководител на новото обвинителство, во време кога опозицијата не се согласува со Русковска.

На ова новинарско прашање премиерот Зоран Заев рече дека тој не ја поставил.

Ова е различно од она што тој го нагласи на прес конференцијата кога го промовираше законот и рече јасно дека "Вилма Русковска е таа која ќе го води".

- Кој ме праша мене дали јас се сложувам со Русковска, и јас не се сложувам со неа од едно друго време. Таа не е мој предлог и не реков дека таа ќе биде шеф, само дадов предлог, рече Заев.