Италијанскиот шампион Јувентус има намера да му плати на својот играч Сами Кедира, за да го напушти клубот, пишува „Газета дело Спорт“.

Планот на Старата дама, според истиот извор, е да го раскине договорот со 32 годишниот германски репрезентативец, и да му ја плати отпремнината бидејќи има договор до 2021 година.

Јуве годинава видно го засили средниот ред со ангажирање на Адриен Рабиот и Арон Ремси.

Како следна дестинација на Германецот се споменува Фенербаче, а не е мал и интересот на екипи од Бундеслигата.


Администратор
23/07/2019 22:26