За 11,7 проценти е зголемен прометот во индустријата во мај годинава во однос на мај лани, а споредено со април годинава за 4,5 проценти. Во периодот јануари – мај годинава во однос на истиот период лани прометот во индустријата се зголемил за 12,9 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во мај годинава, во однос на мај минатата година, бележи пораст кај „интермедијарни производи, освен енергија“ за 5,1 процент, „капитални производи“ за 19 проценти, „трајни производи за широка потрошувачка“ за 3,8 проценти и „нетрајни производи за широка потрошувачка“ за 8,5 проценти.

Статистичките податоци покажуваат дека прометот во индустријата на домашниот пазар, во мај годинава, во однос на мај лани, е намален за 0,2 отсто, споредено со април годинава е зголемен за 0,5 отсто. Во првите пет месеци од годинава споредено со истиот перион минатата година прометот во индустријата езголемен за 1,1 отсто.

Прометот во индустријата на странските пазари, пак, во мај годинава, во однос на мај минатата година, е зголемен за 15,5 проценти, споредено со април годинава за 5,5 отсо, а во првите пет месеци од годинава споредено со истиот период лани за 16,9 проценти.


Администратор
12/07/2019 14:30