Во текот на вчерашната ноќ, ЈП „Комунална хигиена“-Скопје спроведе активности за чистење на реонот на Македонската радио-телевизија, пасошкото одделение на МВР, потегот кон МКЦ и МАНУ и кејот Димитар Влахов. Дваесет работници од третата смена во целост ги отстранија дивите депонии што континуирано се создаваат во овој дел од градот, а беше извршено и машинско миење со автоцистерна.

ЈП „Комунална хигиена“-Скопје апелира до граѓаните и институциите совесно и одговорно да постапуваат со својот отпад, затоа што без нивната поддршка не може да се сочуваат хигиената и чистотата на нашиот град. Секое исфрлање на отпадот на јавни површини претставува кршење на Законот за јавна чистота и директно ја загадува животната околина.


Администратор
19/06/2019 17:17