Нема демант од Владата во врска со тоа дали цената за добивање на гласовите на контото на Пендаровски што Заев треба да ја плати е политичко редефинирање на државата.

Информацијата, што пред три дена ја објави лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека Заев договорил политичко редефинирање на границите, со луѓе од ДУИ, кога се правел „дилот“ за поддршка за Пендаровски пред вториот изборен круг, не беше ниту оспорена ниту објаснета од владата.

Како портпарол на Влада нема да ги коментирам изјавите на лидер на политичка партија, особено не изјавата кај што се спомнуваат и другите политички партии. Би ве замолил да ги упатите прашањата до нив, вели портпаролот на Влада, Муамет Хоџа.

Според Мицкоски, иницијативата за измена на изборните граници во една изборна единица, можеби му кумува на процесот на редефинирање.

-Се погласни се шпекулациите дека помеѓу двата изборни круга има средба која што се случува во Тетово помеѓу Зоран Заев и неколку други лица на која практично се договара поддршката за време на вториот круг и каде што практично треба да дојде до еден вид на политичко редефинирање на Република Македонија, потенцираше Мицкоски, на 10.6.2019

Дали се точни и шпекулациите дека и пописот е дел од агендата на политичко редефинирање, дотолку повеќе што беше итно ставен на дневен ред на собраниска комисиска расправа, без да се чуе ставот на опозицијата.