Демант на фирмата САНДРА-М Љупчо ДООЕЛ експорт-импорт Кавадарци на прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

„Како компанија сме зачудени од прес конференцијата на ВМРО – ДПМНЕ која следеше по натписите на порталот лидер. Партија која се повикува на целосни шпекулации изнесени во текстот само покажува колку е несериозна во пристапот. Со прес конференцијата на нас, како компанија, ни се нанесува штета на репутацијата. Да се политизира крајно транспарентен процес без да се слушне и другата страна за коментар, притоа заборавајќи дека секоја тендерска постапка е јавна, само покажува дека партијата служејќи се со шпекулации креира случај каде нема место за такво нешто.

Колку за појаснување, САНДРА-М Љупчо ДООЕЛ експорт-импорт Кавадарци е дистрибутер на Green Machines во Македонија. Дел од возилата се произведуваат во Македонија и станува збор за висококвалитетни возила што се продаваат насекаде во светот. Како нивни претставници нудиме најквалитетни возила со најбрз и сигурен рок на испорака и рок на сервисирање, фактори коишто се многу битни во одлуката на клиентите за и околу изборот на нашите производи. Ваков тип возила, набавени во некои од општините се дел од портфолиото на Green Machines, а такви досега низ светот се продадени 40 илјади возила.

Во оваа процедура нема ништо спорно, единствено е спорно што нашата компанија се става во многу лош политички контекст и притоа се прави приказ на ситуација која е далеку од реалноста.“ стои во демантот испратен до медиумите.


Администратор
12/06/2019 03:00