Во шума во Шпанија, се наоѓа т.н. „дрвена Фибоначи куќичка“, со облик на „Фибоначи златната логаритамска спирала” која често се среќава, како во математиката и информатиката, така и во природата, а му овозможува на одреден организам (на пример, полжавот) да расте без промени во својот облик.

Концептот беше и инспирација за овој проект на компанијата Блу Форест. Куќата која по малку и личи на куќичка на полжав, нуди природно засолниште во релативно ладната шума. Има најсовремена кујна, голема тераса, стаклени прозори и лизгачка врата.

Обложена е со ленти од дрвото ариш и има рачно изработена фасада со бакарни и рустични детаљи.

Шумските патеки водат кон неколку мостови, заради истражување на шпанската дива природа.


Администратор
11/06/2019 18:14