Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во гостувањето на емисијата Топ тема на Телма Телевизија во однос на иницијативата за реформа на изборниот модел, рече дека постојат повеќе опции кои може да се разгледаат и дека ВМРО-ДПМНЕ тоа го прифаќа ако целта е да биде прифатливо за граѓаните, ако е одржливо и ќе ја олесни работата на ДИК, и доколку одговара на демократските критериуми.

-Мислам дека ќе понудиме решение што ќе одговара на интересите на сите граѓани, а не на политичките елити. Можеме да разгледуваме и отворени листи кои во прва фаза би можеле да се применуваат на локални избори, за да видиме како тоа би функционирало со изборот на советници, а во подоцнежна фаза да излеземе со предлог за таков вид на листи и за избор на пратеници во Собранието. Може да дискутираме и за изборен праг што ќе биде репрезентативен и ќе може политичките партии да се натпреваруваат за да го поминат. Интересно решение е и модел за 120 изборни единици итн, рече Мицкоски.

Мицкоски додаде и дека очекувал од Претседателот Пендаровски да не зазема партиски ставови во неговот работење и дека барем во првиот месец ќе покаже дека не е на иста линија и гласноговорник на СДСМ и Зоран Заев, но за жал праксата покажала нешто сосема друго.

- Непоканувањето на инаугурацијата на Пендаровски како лидер на најголемата политичка партија во Македонија јасно стави на дознаење во кој правец ќе работи и ќе дејствува Стево Пендаровски и дека нема да биде Претседател на сите граѓани. Дополнително, навистина жалам дека тој што имаше полна уста при неговата инугурација дека ќе биде Претседател на сите граѓани, очигледно прави јасна динстикција кои граѓани за него се приоритетни а кои не се. Најмалку половина милион граѓани во оваа држава се идентификуваат со политиките на ВМРО-ДПМНЕ. Пендаровски не извршил ниту една реченица консултација со ВМРО-ДПМНЕ, истакна Мицкоски.


Администратор
11/06/2019 01:12