Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на ТВ Телма истакна дека Заев нема да се спаси од поразот на следните избори и дека поразот на власта е неминовен.
Тој вели дека, во врска со отворените листи, треба да внимаваме во делот како би ги правеле тие измени и вели ако е намерата со тие измени да се спаси Заев од пораз на следните избори и тоа нема да му помогне затоа што поразот е неминовен.
Мицкоски истакна дека денеска Изборниот законик е збирка на политички желби и да ги прашате од ДИК ќе кажат дека тешко се снаоѓаат со него.
Тој вели дека ВМРО-ДПМНЕ не бега од договор на крајот од денот ние ќе седнеме на маса и ќе договориме тоа што треба, затоа што градиме заедничка држава.
-Ние не можеме повторно да градиме држава која што ќе биде производ на политички пазар како на зелен маркет, помеѓу Зоран Заев и неговите коалициони партнери.
Мицкоски објасни дека можно е и веќе следните избори да има смена на изборните модели и промена на Изборниот законик доколку се увиди дека има таква потреба и системот не функционира,доколку тоа е во функција на граѓаните.
-Резултатот од целокупните штетни политики на Владата во изминативе 3 години е пораз на следните избори за власта, вели тој.