На хокеарскиот Мундијал во Словачка синоќа беше комплетирана четвртфиналната фаза која донесе три драматични натпревари. На два од нив победникот беше решен по продолжение.
Постигнати резултати: Канада – Швајцарија 3:2 (по продолжение) Русија – САД 4:3 Чешка – Германија 5:1 Финска – Шведска 5:4 (по продолжение).
Во полуфиналето ќе играат: Русија – Финска Канада – Чешка.
Победниците ќе се борат за шампионскиот трофеј, а поразените ќе одиграат меч за третото место.