Единствена Македонија и македонскиот народ се силно вознемирени од денешната преписка меѓу Стево Пендаровски и ДУИ во која Пендаровски признава дека директорот на Агенцијата за разузнување го назначил по позитивно мислење од странски разузнавачки служби или како што вели Пендаровски „партнерски служби од земјите-членки на НАТО“.
Ова е самото по себе скандал во кој Стево Пендаровски само што седна на претседателската фотелја, веднаш почна да го руши дигнитетот на Република Македонија и да ја девалвира нејзината институционална политичка позиција и уставната позициија на претседателот на државата.
Дали Република Македонија покрај марионетата Заев, сега во ликот на Пендаровски добива уште една марионета купена и контролирана од странски центар. Дали покрај ноторната вистина која веќе излезе во јавноста дека министерот во МНР, Никола Димитров е шпион на ЦИА, сега произлегува и дека новоизбраниот претседател Пендаровски е странски шпион под контрола на странски разузнавачки служби.
Новата легална власт на Единствена Македонија која доаѓа ветува дека ќе даде одговор на овие прашања како врвна должност спрема македонската јавност.