Во црногорскиот главен град Подгорица синоќа се одржаа нови протести под мотото „Спротивстави се“, од кои беа побарани оставки од највисокото државно раководство и од уредништвото на јавниот сервис Радио Телевизија Црна Гора (РТЦГ).

Протестот започна пред црногорскиот Парламент, по што демонстрантите одржаа протестен марш до пред зградата на РТЦГ, каде на влезните врати залепија налепници со натпис „Спротивстави се“.

Ова беа деветти по ред саботни антивладини протести во Црна Гора.


Администратор
21/04/2019 08:36