Екипата на Манчестер сити го победи Тотенхем со 1:0 во мечот од 35. коло од првенството на Англија. Единствениот гол го постигна Фил Фоден уште во 5. минута.

Со новите три бода, Манчестер сити се врати на првото место на табелата, пред Ливерпул. Тотенхем е трет, но Арсенал, кој во оваа рунда се среќава со Кристал Палас, може да го помине.

За потсетување, Тотенхем го елиминира Манчестер сити во четвртфиналето на Лигата на шампионите по драматичниот реванш во средата кој заврши 4:3 за „граѓаните“, но гостите од Лондон поради победата на домашен терен од 1:0 одат во полуфиналето.


Администратор
20/04/2019 17:16