Марија Шарапова нема да игра на турнирот во Индијан Велс поради повреда на рамото.

– За жал, Марија Шарапова е принудена да се повлече од турнирот поради повреда на десното рамо. Се надеваме дека следната година таа ќе дојде кај нас. Нејзиното место во главната жрепка ќе го заземе Мона Бартел, соопшти организаторот на турнирот.

Силниот турнир во Индијан Велс, САД ќе се одржи од 4 до 17 март.

Оваа сезона Шарапова се повлече од турнирот во Шенжен за време на четвртфиналниот натпревар со Арина Соболенко поради болката во колкот, по што стигна до четвртото коло на Австралија опен. Повредата на десното рамо не и дозволи на петкратната побеничка на Грен слем турнирите да игра против Дарја Касаткина во Санкт Петербург кон на крајот на јануари.


Администратор
14/02/2019 09:52