Три лица се полесно повредени во три сообраќајни незгоди што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во две сообраќајки е причинета материјална штета.

Според билтенот на СВР Скопје, евидентирани се 14 возачи кои возеле побрзо од дозволеното, а од сообраќај се исклучени седум возачи кои биле под дејство на алкохол, седум возачи кои возеле пред да се стекнат со правото на управување на моторно возило и четворица возачи почетници.

Сообраќајната полиција исклучила од сообраќај и 14 нерегистрирани возила.

На црвено светло поминале осум возачи, 11 користеле мобилен телефон додека возеле, а петмина не носеле сигурносен појас.

Изминатото деноноќие издадени се и 99 казни за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 92 возила.

Одделението за превенција денеска треба да одржи посебна воспитна мерка – сообраќајна поука на која ќе присуствуваат граѓани кои во својство на пешаци направиле различни прекршоци.


Администратор
14/02/2019 09:39