Актерот Ричард Гир (69) и неговата сопруга Алехандра Силва добија прво заедничко дете.

Актерот, познат по филмовите „Американски жигало", „Убава жена", „Офицер и џентламен", и неговата 36-годишна сопруга станаа горди родители на момче пред неколку дена.

Ричард и Алехандра се венчаа во април минатата година по четиригодишна врска.

Актерот има син Хомер (18), кој го доби во брак со Кери Ловел, пред која беше оженет со манекенката Синди Крафорд.


Администратор
12/02/2019 03:28