Познатите личности и папараци-фотографите, се разбира, имаат многу лош однос, но тој во последно време е дополнително искомплициран.

Ѕвездите веќе подолго време се жалат на папараците, кои демнат зад грмушки и „висат на бандери“ за да ги „фатат“ без шминка.

Сепак, во последно време има многу жалби и од другата страна.

Против неколку познати личности, меѓу кои и Џенифер Лопез и манекенката Џиџи Хадид, се поднесени тужби, бидејќи на социјалните мрежи објавиле фотографии на кои се тие, а кои ги направил некој папарацо.

Што точно се случува тука?

Луѓето обично мислат дека фотографијата на која се тие, би можеле да ја користат колку што сакаат.

Меѓутоа, според законот, фотографот е тој кој има авторски права на неа, доколку правата не ги префрлат на трети лица, како својот работодавач.

Тоа значи дека сопственоста на фотографиите од папараците ја немаат луѓето кои се наоѓаат на нив, туку лицето кое го притиснало копчето на апаратот.

Нил Чатерџи, американски адвокат кој се занимава со судирите поврзани со авторските права, вели дека социјалните мрежи создале голема конфузија на тоа поле.

Според него, голем проблем настанува со тоа што, поради „шерувањата“ и ретвитовите е тешко да се контролира што се прави со некоја фотографија.

Фото агенциите наведуваат дека не е фер нивните фотографии без одобрување да завршат на социјалните мрежи, што значи и милиони следбеници.

Некои дури поднесоа тужби во кои бараат паричен надоместок.

Влоговите дополнително се зголемени кога се има предвид дека некои „инфлуенсери“ заработуваат и до милион долари за еден пост за она што го објавуваат на Инстаграм.


Администратор
11/02/2019 11:19