Меморандум за соработка за подобрување на условите за живот на пензионерите во општина Аеродром денеска потпишаа градоначалникот Златко Марин и претседателот на Здружението на пензионери „Солидарност - Аеродром“, Димитрија Богатиноски.
Со меморандумот се планира и да се подобрат условите за тековно функционирање на Здружението, кое има 14.000 членови и да се обезбеди континуирано информирање на членовите за прашања и настани од културно-забавниот и социјалниот живот.
Како што соопшти Општина Аеродром, градоначалникот Марин истакнал дека oпштината ќе продолжи да ја поддржува оваа категорија граѓани, а Богатиноски изразил благодарност и убеденост дека во иднина на сите прашања ќе им се пристапува заеднички.