Околу 18 часот, 69 годишниот прилепчанец В.М. беше пронајден мртов во својот стан. Соседите и хигиеничарката која му чистела во неговиот стан го немале видено веќе неколку денови. Загрижени ги повикале неговите роднини кои не успеале попладнево да влезат во станот, пишува порталот ИНФО КОМПАС.

Со одобрение на полицијата, вечерва пожарникари со корпа влегоа во станот на 4-тиот спрат преку терасата кршејќи ја вратата која била заклучена.

В.М. е пронајден мртов во својот стан. Смртта ја констатираше екипата на Итната помош од Прилеп. А на лице место излезе и Јавен обвинител.


Администратор
12/01/2019 02:52