Стагнацијата во глобалниот пазар на компјутери продолжи со полна сила и во последниот квартал на изминатата година. Сепак, во последните два квартали се забележуваат позитивни трендови, велат од „Гартнер“ и „АјДиСи“. Последните извештаи на аналитичарите се категорични дека „ХП“ и „Леново“ продолжуваат со доминацијата на пазарот на компјутери во 2018 година. Третиот најголем производител во светот продолжува да биде „Дел“, објави „ВентурБит“.

Годишниот извештај на „АјДиСи“ покажува дека во светот се продадени 258.4 милиони уреди, што е минимален пад од 0,4 отсто, во споредба со показателите за 2017-та. Разликата помеѓу двата најголеми производители продолжува да е прилично минимална и конкуренцијата ќе продолжи да е прилично жестока оваа година, отако според „АјДиСи“ од „ХП“ продале 59.98 милиони компјутери за календарската година, додека кај „Леново“ оваа вредност е 59.85 милиони.

Аналитичарите го свртуваат вниманието на фактот дека трите водечки компании го зголемиле својот удел на пазарот во текот на изминатата година. Сите други производители, кои ги оформуваат првите шест, сепак, изгубија позиции во 2018 година. Трговската војна меѓу САД и Кина, исто така, ќе продолжи негативно да влијае на природните процеси во индустријата. Ова главно ќе влијае на корпоративните корисници. Како заклучок ќе забележиме дека 2018 година е седмата година по ред со пад во продажбите на компјутери.


Администратор
11/01/2019 15:10