Шефот на Јапонскиот олимписки комитет Цунекадзу Такеда е обвинет за корупција, објави весникот „Ле монд”.

Истрагата во Париз дошла до сознанија дека победата на Токио пред шест години во изборот за домаќин на Олимпијадата 2020, била овозможена со тајни банкарски операции.

Забележано е дека, ова е користено за да се придобијат гласови на африкански претставници.

Како што е наведено, се работи за поткуп од два милиони долари. Истрагата трае веќе три години.


Администратор
11/01/2019 13:23