Сопатник се здобил со тешки телесни повреди во една од вкупно шест сообраќајни незгоди што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на град Скопје. Во пет сообраќајни незгоди е причинета материјална штета.

Според податоците на Министерството за внатрешни работи, полицијата од сообраќај исклучила тројца возачи кои се движеле со поголема брзина од дозволената, еден возач под дејство на алкохол, двајца возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и двајца почетници.

Од сообраќај се исклучени и четири нерегистрирани возила, 51 за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак“ се подигнати 52 возила.

Полицијата санкционирала и еден возач за некористење сигурносен појас и еден за зборување на мобилен телефон при возење.


Администратор
11/01/2019 10:31