Креаторот на мобилни чипови „Куалком“ го загрева пазарот за уреди со поддршка на мрежи од петта (5Г) генерација. На изложбата ЦЕС 2019 во Лас Вегас, американската компанија објави дека ги има добиено сите можни договори за производство на чипови, компатибилни со „5Г“.

Во 2019 година ќе се појават повеќе од 30 модели со „5Г“ поддршка. Ова ќе бидат главно паметни телефони, вели „Гизчајна“ во извештајот на оваа тема.

На крајот од минатата година, американските оператори „Веризон“ и „АТ енд Т“ официјално потврдија дека ќе ги продаваат паметните телефони на „Самсунг“ опремени со „5Г“ модемите на „Куалком“.

Иако има свои „5Г“ модеми, „Самсунг“ ќе користи во своите уреди за американскиот пазар чипсет „Снапдрагон 855“ со „5Г“ модемот „Снапдрагон X50“.

Операторот „Спринт“, исто така, ќе пушти „Самсунг“ паметни телефони способни да работат во „5Г“ мрежи.

„Куалком“, во меѓувреме, оваа недела ќе ја покаже во Лас Вегас новата паметна платформа, базирана на вештачка интелигенција за автомобилите на иднината.


Администратор
08/01/2019 19:21