Инстаграм моделот за костими за капење, Ариела Ниса многу пати беше критикувана од некои од своите 159.000 следачи, дека како манекенка, има премногу целулит. На тоа таа одговори прилично жестоко и исцрпно…

– Толку многу се трудиме да бидеме „совршени“, но што тоа всушност значи? Сите ние сме убави. Сите ги имаме оние вистински животни елементи, па зошто да ги криеме?! Зошто на младите девојки да им даваме лажна претстава за привлечноста и убавината?, прашува Ниса, меѓу другото, во својот подолг текст до слика каде што посебно и намерно се истакнува целулитот на нејзините бедра.

На крајот од објавата таа уште еднаш нагласува дека она вистинското, обичното е нормално, и дека не треба луѓето да се плашат од тоа.


Администратор
04/01/2019 16:17