Познатиот рапер Кање Вест и неговата сопруга Ким Кардашијан го очекуваат нивното четврто дете, кое ќе им го роди сурогат мајка, објави магазинот „Пипл“.

Ким и Кање веќе ги имаат синот Сеинт и ќерките Норт и Чикаго, кои исто така ги добија преку сурогат мајки.

Според „Пипл“, новиот член на семејството Вест-Кардашијан треба да се роди во текот на мај и тоа повторно ќе биде син.

Кање Вест секогаш изјавувал дека сака да има многу деца, но поради здравствените проблеми на Ким, тие се принудени да ангажираат сурогат мајки.


Администратор
03/01/2019 18:29