Многумина не знаат дека се пансексуалци се додека некој не им објасни што тоа значи. Луѓето кои се идентификуваат на овој начин тврдат дека не ги привлекува полот туку личноста на партнерот и не се ограничуваат со тоа да им се допаѓаат само мажи или жени, бидејќи предвид доаѓаат и едните и другите.

Списанието „Космополитан“ ги пренесува разликите и фактите за пансексуалците.

1.Да се биде пансексуалец не е исто што и бисексуалец

Иако постојат многу сличности меѓу овие два поима, сепак има разлики кои ги раздвојуваат. Бисексуалците се луѓе кои чувствуваат привлечност кон обата пола, додека пансексуалците воопшто не обрнуваат внимание на полот, туку ги привлекува само нечиј карактер и енергијата со која личноста зрачи.

2.Пансексуалците не се „збунети“

Тие тврдат дека знаат кои се и оти знаат што може да им се допадне. Исто така, тие имаат свој тип на личност со која сакаат да бидат и тешко им е да ја пронајдат. Свесни се дека можат да бидат и со мажи и со жени, па не се чувствуваат збунето во однос на сексуалноста.

3.Не можат да бидат „со кого било“

Многумина грешат кога велат дека пансексуалците можат да бидат со кого било. Пансексуалците велат дека најчесто ги прашуваат: Тоа значи дека не бираш со кого ќе бидеш? Тоа може да биде апсолутно кое било суштесто кое ќе ти се допадне? Тие тврдат дека таквите прашања немаат никаква врска со реалноста. Тие бираат само луѓе кои ги привлекуваат со карактерот и однесувањето и само со нив сакаат да остварат подлабок однос.


Администратор
10/12/2018 17:06