Две лица загинаа во сообраќајна несреќа што вчера се случи на автопатот Скоје-Велес во атараот на село Сопот.

Министерството за внатрешни работи информира дека вчера во 14,30 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје-Велес во атарот на село Сопот, патничко моторно возило „рено меган“ со кочански регистерски таблици, управувано од Г.Б. (35) од Кочани, излетало од коловозот. На местото на настанот починале возачот и сопатникот Д.М. (36) од Кочани.

Извршен е увид од страна на јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Скопје. По наредба на јавен обвинител, телата биле предадени во Институтот за судска медицина за обдукција.

Се работи на целосно расчистување на случајот.


Администратор
08/12/2018 21:52