Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднесе кривична пријава против полицискиот службеник С.Ф.(31) од Скопје, референт за моторни возила во станица за технички преглед во населба Пинтија во Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, казниво по член 353 од Кривичниот законик на Република Македонија.

Во мај 2016 година, пријавениот од граѓанин на рака примил 12.808 денари за регистрација на увезено патничко возило „Фолксваген Голф“. Од вкупната сума, тој требало да уплати 7272 денари за осигурителна полиса и 5536 денари за зелена карта.

И покрај тоа што биле подготвени сите документи, тој не ги уплатил сумите, туку целиот износ го задржал за себе.


Администратор
11/11/2018 02:51