Епл, Амазон, Мајкрософт, Алфабет и Фејсбук, петте најголеми технолошки компании на Њујоршката берза, изгубија вкупно 75 милијарди долари во пазарна вредност во петокот, јави Си-Ен-Би-Си.

Од петте компании, Амазон покажаа најлоши перформанси, откако акциите на онлајн трговецот ја завршија сесијата со пад од 2,4 отсто.

Берзанските индекси забележаа пад во последната сесија од седмицата, откако падот на цената на нафтата и скептицизмот околу еветнуален трговски договор меѓу САД и Кина ги зголемија стравувањата дека економскиот раст ќе продолжи да се забавува.

Акциите на технолошките компании се приближија до најлошите резултати од 2008 година.

Индексот „Насдак Композит“ го заврши октомври со пад од 9,2 отсто, а водечки фактор во тој однос беа падовите на цената на акциите на Амазон и Алфабет.

И покрај вчерашниот пад, индексите „Насдак“ и „Ес енд Пе 500“ ја завршија неделата на зелена територија.


Администратор
11/11/2018 01:29