Корисниците на Андроид паметни телефони ќе можат да ги ажурираат своите апликации во движење додека ги употребуваат, без да мора да ги рестартираат, вели „Фоун Арена“.

Ова ќе биде можно благодарение на промените кои Гугл планира да ги воведе во програмскиот интерфејс на апликациите (АПИ) за развивачите. Ќе се овозможи надградба на веќе пуштени апликации, без излегување од нив и повторно вчитување.

Во моментов, новата технологија за ажурирање на апликациите на Андроид оди преку внатрешно тестирање и се очекува да биде достапна наскоро на развивачите на софтвер за најпопуларната мобилна платформа.

Програмерите ќе имаат две опции за реализација. Во првиот случај, ажурирањето ќе биде во веќе стартувана апликација, но корисникот ќе го изгуби пристапот до процесот додека не заврши процесот.

Второто сценарио е пофлексибилно и го задржува корисничкиот пристап до апликацијата при преземање и инсталирање на ажурирањето. Самиот процес ќе биде конфигуриран да изгледа како дел од интерфејсот на апликацијата.


Администратор
08/11/2018 23:46