Името Адолф во Австрија од почетокот на Втората светска војна е сè помалку популарно и речиси целосно исчезна, покажуваат статистичките податоци. Во изминатите 33 години името сè помалку е присутно на листите за имиња во Австрија.

Истражувањето, по повод објавувањето на новиот филм „Име“ во кој брачен пар сака на своето дете да му го даде името Адолф, покажа дека тоа станало непожелно во Австрија.

Адолф пред околу 70 години беше на листата на најомилените имиња. Во 1984 година, само 11 родители го крстиле новороденчето Адолф. Името не е присутно на листата минатата година, додека година претходно ова име го добило само едно дете.

Адолф се поврзува со ликот на германскиот диктатор од Втората светска војна, Адолф Хитлер.


Администратор
06/11/2018 23:45