Од денеска во Градскиот парк во Скопје има нова цветна фигура во знакот на розовата панделка – „Напред Розово“ - заштитен знак на Здружението за борба против ракот на дојка „Борка“.

Претставнички на Здружението „Борка“ заедно со претседателката на Советот на Град Скопје Љубица Јанчева , директорот на ЈП „Паркови и зеленило“ - Скопје Ардијан Муча, граѓанската активистка Анита Љатифи, претставнички на претпријатието и учениците од медицинските паралелки од СУГС „Цветан Димов“ засадија сезонско цвеќе хризантема во форма на розовата панделка како знак на поддршка на месецот на борба против ракот на дојка.


Администратор
11/10/2018 18:37