Клиентите на ПејПал (PayPal) - „дигиталната Мастеркард“, како што ја нарекуваат некои експерти, во голем број држави во Европа ќе можат да плаќаат преку Гугл Пеј во продавниците преку смартфоните, кои работат со Андроид. Досега само сопствениците на кредитни картички од неколку банки успеаја да ја користат Гугл Пеј. Ако корисниците на ПејПал го депонираат својот профил во Гугл Пеј како начин на плаќање, апликацијата ќе постави дигитална дебитна картичка, која може да се користи за извршување на купувања, соопштија од компанијата.

Благодарение на оваа соработка, значително повеќе корисници отколку досега, ќе можат да ја користат Гугл Пеј за бесконтактна исплата со нивниот паметен телефон. Во принцип, услугата може да се користи таму каде што може да се врши безконтактни плаќања со кредитна картичка, на пример во супермаркети, бензински пумпи, трговски објекти, кафулиња и ресторани.

За извршување на процесот на исплата е доволно смартфонот да се задржи за кратко до платежниот терминал, по што благодарение на чип, плаќањето започнува. За таа цел се користи кредит во ПејПал, а ако тоа не е доволно, сумата која недостасува се одзема од депонираната банкарска сметка. За купувачот нема дополнителни трошоци.

Во Германија, бесконтактното мобилно плаќање претходно беше можно само со апликации од различни финансиски институции, како што се штедните банки. Гугл Пеј беше пуштена во Германија кон крајот на јуни, откако поддржуваше картички само на Комерцбанк (Commerzbank) и Комдирект (Comdirect), како и на BW Bank и онлајн банките N26 и Boon. Преку соработката, Гугл може да добие пристап до многу нови корисници за својот мобилен систем за плаќање: само во Германија, ПејПал има околу 20,5 милиони корисници.


Администратор
10/10/2018 19:09