На 14, 15 и 16 август во Делчево ќе се одржи ноќен турнир во кошарка. Турнирот е во организација на Советот на млади кој ги повикува сите заинтересирани екипи да го пријават учеството најдоцна до 10 август 2018 година во Општина Делчево.
Целта на овој спортски настан, според претседателот на Советот на млади, Никола Тренчевски е збогатување на спортскиот и културниот живот на младите.
- Наша цел е во овој летен период да го збогатиме спортскиот и културниот живот на младите во Делчево. Со организација на ваков турнир ќе успееме да поттикнеме спортски дух, многу дружење, натпреварување и забава за младите делчевци. Засега наидовме на поддршка за организација на овој настан особено од младите од кои очекуваме пријавување на доволен број екипи, се со цел да направиме една убава спортска забава за самите нив, рече Тренчевски.
Ова е прва активност на Советот на млади од ваков тип. Претходно ова тело кое работи со поддршка на Советот на Општина Делчево се запозна со работата на Црвениот крст на Република Македонија.