Македонските автомобилисти, Игор Стефановски -Иџе и Виктор Давидовски, остварија скромни резултати на втората трка на патеката „Зандворт“, Холандија, во рамки од ТЦР Европа шампионатот.
Виктор Давидовски со „хонда“ заврши на 15 место, а Стефановски со „хјундаи“ беше на 16 позиција.
И втората трка Давидовски ја заврши без никакви оштетувања на автомобилот, а судејќи според резултатот Стефановски очигледно не можеше доволно да се совземе од незгодниот удар кој го доби во текот на вчерашниот ден.
Британецот Џош Фајлс е победник на втората трка од ТЦР Европа шампионатот во холандски Зандворт.
Српскиот возач Душан Борковиќ втората трка ја заврши на 18 место, но останува лидер во генерален пласман со 66 поени, исто колку победникот на првата трка во Холандија, Шпанецот Микел Азкона (кој беше шести во втората трка), додека Фајлс е трет со 50 поени.
Стефановски се наоѓа на 14 место со шест освоени поени.