Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини смета дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху не докажал дека Иран го крши договорот од 2015 година.

– Тоа што го видов од првите извештаи е дека премиерот Нетанјаху не го доведе во прашање однесувањето на Иран кон договорот, изјави Могерини.

Таа додаде дека пред се МААЕ мора да процени дали Иран се придржува до договорот.

– МААЕ е единствена непристрасна, меѓународна организација задолжена за надгледување нуклеарни обврски на Иран, потенцираше Могерини.