Руската компанија „Газпром“ соопшти дека изградбата на морскиот дел од првиот крак од гасоводот Турски поток е завршена и дека моментно се работи на изградба на терминал на турскиот брег.
Штом ќе биде завршена изградбата на терминалот, првиот крак од гасоводот ќе биде пуштен во експлоатација. Изградбата на морскиот дел од гасоводот ја водеше компанијата „Пајониринг спирит олсиз“, која најави дека вториот крак ќе почне да се гради во третиот квартал оваа година.
Шефот на „Газпром“ Алексеј Милер изјави дека темпото на изградба е забрзано и оти од 7 мај минатата година, кога почна изградбата, веќе се реализирани 62 отсто од целиот проект.
Турски поток ќе има два крака со капацитет од по 15,75 милијарди кубни метри гас годишно. Првиот е наменет за потребите на Турција додека вториот за држави од јужна и Југоисточна Европа.