Денес во Собранието на Република Македонија се закажани три седници. Сакаме да ве информираме дека Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ нема да учествува во работата на Собранието на Република Македонија на ниту една од овие седници.

Нема да учествуваме поради тоа што парламентарното мнозинство не создава и не сака да создаде демократски услови за работа, затоа што се врши политички прогон на политички неистомисленици, со апсење на пратеници, со апсење на уметници, со апсење на луѓе кои што си ја сакаат Македонија.

Сакаме да ве информираме дека како пратеничка гупа секојдневно имаме активности, секојдневно имаме средби со амбасадорите, кои што ги информираме за актуелната политичка ситуација. Би сакале да ја информираме јавносте дека како пратеничка група и понатака ќе продолжиме со ваквите наши активности.