Грчката полиција употреби шок бомби и солзавец за да прекине краток судир помеѓу навивачи на солунски фудбалски клуб и група мигранти во Атина.
Во инцидентот никој не е потешко повреден, ниту пак уапсен, се наведува во полициското соопштение.
Навивачите на фудбалскиот клуб со седиште во Солун, се собрале попладнево на плоштадот во Атина, во пресрет на фудбалки натпревар.
Во тој момент крај нив поминала група мигранти од Пакистан кои славеле Мавлид, раѓањето на пророкот Мухамед.
Медиумите пренесуваат дека навивачите најпрво ги навредувале, а потоа ги нападнале.
Полицијата веднаш интервенирала и ситуацијата се смирила за неколку минути.