Соопштение до јавноста, реакција на изјавата на Зоран Заев дадена при работниот состанок за социјална инклузија на Роми во Република Македонија

Зоран Заев продолжува да лаже и манипулира со македонската јавноста ветувајќи бесплатно болничко лекување, исто како што лажеше пред изборите.

Пари за бесплатно болничко лекување во буџетот нема. Прво ветуваше бесплатно лекување за сите, а сега лаже дека ќе имало за одделни категории.

Лага е ветувањето на Заев дека граѓаните од ранливите категории следната година нема да плаќаат болничко лекување. Ставката за партиципација на осигурани лица во буџетот за здравство е зголемена за само 5 милиони денари во однос на лани, што е непобитен доказ дека бесплатно болничко лекување следната година нема да има. Во буџетот таква ставка немаат предвидено.

Бесплатно болничко лекување за македонските граѓани за 2018 година, како што ветуваше СДС пред изборите нема да има. Граѓаните се жртва на лагите на СДС.